Јавна распределба на 60 станови во Скопје

Bez autora
Sep 05 2010

Солзи од радост за едни - револт за други. Вака заврши распределбата на становите за млади брачни парови. За 60 станови во скопската населба Ново Лисиче аплицирале 210 луѓе. Оние што добија станови не ке може да ги продаваат во следните пет години - клаузула вметната откако минатиот пат еден од добитниците на поевтини станови се обиде веднаш да го продаде двојно поскапо. Се разбира кој сака може да направи увид во документацијата на Министерството за транспорт и врски и да се увери за сите оние што добиле станови. За СДСМ распределбата на становите е лицемерна со оглед дека најголема злоупотреба за овие станови има направено министерот Јанакиески кој живее во зграда со социјални станови наменети за млади брачни парови уште пред да стапи во брак.

Јавна распределба на 60 станови во СкопјеСолзи од радост за едни - револт за други. Вака заврши распределбата на становите за млади брачни парови. За 60 станови во скопската населба Ново Лисиче аплицирале 210 луѓе.

„Имаме сигурно над педесетина поени, а гледам тука на листава дека има луѓе со 22, со 28, 32, 42, 48, значи луѓе кои што се многу под границата над педесетина поени“.

„Сите документи беа во ред“, велат апликантите.

Оние што добија станови не ке може да ги продаваат во следните пет години - клаузула вметната откако минатиот пат еден од добитниците на поевтини станови се обиде веднаш да го продаде двојно поскапо.

„Се разбира кој сака може да направи увид во документацијата на Министерството за транспорт и врски и да се увери за сите оние што добиле станови“, вели Миле јанакиески, министер за транспорт и врски.

За СДСМ распределбата на становите е лицемерна со оглед дека најголема злоупотреба за овие станови има направено министерот Јанакиески кој живее во зграда со социјални станови наменети за млади брачни парови уште пред да стапи во брак.

Токму затоа Јанакиески треба да објасни како го добил станот, велат во СДСМ.

На ова реагираше Јанакиески.

Објаснува дека станот го купил во 2004 година од Јавното станбено претпријатие во времето кога премиер бил Бранко Црвенковски.

Станува збор за комерцијален стан купен по пазарна цена. Јанакиески најави и приватни тужби за клевета.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik